Екипата на Севиља се сопна во Алавес во трката по шампионската титула во шпанската Ла Лига. Вечерва андалузискиот тим одигра без голови со Алавес и по 27 одиграни кола има 55 бода, пет помалку од лидерот Реал Мадрид кој има и меч помалку. Тоа значи дека „кралевите“ ако го победат Сосиедад викендов ќе го зголемат бодовното салдо.
Алавес е на 18 позиција и во опасната зона, а ова е нивно седмо реми сезонава или второ по ред. Севиља е меѓу екипите со најмногу ремија досега, има 10.