Татабања се пофали: Обрадовиќ и Мараш следната сезона се наши играчи!

185

И официјално, Е. Пелистер следната сезона нема да ги има во своите редови Немања Обрадовиќ и Матео Мараш. И двајцата, како што информираат од Татабања тие веќе се договориле со клубот од Унгарија.

Во Татабања доаѓам поради многу нешта. Во разговор со Секељи тој ми кажа многу убави работи за мојот нов клуб. Имам убави впечатоци за ракометот во Унгарија, исто така не е далеку од Србија, ете тоа се причините зошто се решив за Татабања“ посочи Обрадовиќ за клупскиот сајт на Татабања.

Jobb- és balátlövő érkezik klubunkhoz! / Grundfos Tatabánya KC

Хрватскиот интернационалец Матео Мараш пак посочи…

Многу сум среќен што потпишав за овој тим. Навистина се радувам што во следната сезона ќе играм за овој тим, пред овие прекрасни навивачи. Сметам дека ова е совршено место за мојот развој. Сакам да му помогнам на клубот да ги оствари своите цели“.

ПретходноПрвата понуда за Челзи пристигна од Швајцарија
СледноСоиграч на Кузмановски од Хановер доаѓа во Вардар!