Украина побара одложување на баражот со Шкотска

158

Украина и официјално побарала од ФИФА да го одложи плеј-оф натпреварот на нејзината репрезентација во квалификациите за Светското првенство во фудбал 2022 година.

Меѓународната фудбалска федерација го потврди приемот на барањето за одложување на натпреварот Шкотска – Украина, кој е закажан за 24 март. Се претпоставува дека ФИФА ќе го прифати барањето и ќе ги одложи и двата меча кои треба да се одиграат во оваа група од баражите за СП во Катар.

Една од опциите е пролонгирање на двата полуфинални и финалниот меч за во јуни. Покрај Украина и Шкотска во овој бараж дел се среќаваат и Велс и Австрија.

ПретходноРајковиќ со порака на Инстаграм се одјави од Саратов
СледноПремиер лигата нема да се емитува во Русија