Чави ќе му го продолжи договорот на Дани Алвеш

490

Барселона ќе ја активира опцијата за продолжување на договорот со ветеранот Дани Алвеш. Бразилскиот дефанзивец во мај ќе наполни 39 години, но и следната сезона ќе остане на „Камп Ноу“.

Бразилецот се врати во Барселона во јануари и веќе го убеди раководството на клубот и главниот тренер Чави Ернандез дека треба да биде дел од тимот. На Алвеш му оди добро на теренот, а тој е фактор и во соблекувалната и служи како пример за помладите.

38-годишниот Бразилец играше за Барса во периодот од 2008 до 2016 година, а во ноември минатата година повторно стана дел од каталонскиот клуб, иако не можеше да игра до почетокот на оваа година. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, но одлуката за продолжување на договорот е веќе донесена.

ПретходноПуљизовиќ со индекс 50, но Баскет Кам загуби кај Партизан во ВАБА лигата
СледноПандев: Тоа што го доживеав во Наполи го немаше ни во Интер кога ја освоивме ЛШ!