Па, зарем е можно? Турскиот милијардер Мухсин Бајрак е на добар пат да стане газда на Челзи, на најдобриот еврпски клуб, актуелен европски шампион.
Имено како што пренесуваат медиумите на Островот, а преземаат сите во Европа, Бајрак веќе ја поднел понудата до Роман Абрамович. Не се наведува сумата, но јасно дека истата се мери со милијарди.
“Наскоро турското знаме ќе се виори во Лондон. Да, точно е дека во моментов преговараме со луѓето на Роман, и јасно е дека сакаме да го купиме клубот. Понудата е на маса. Поради санкциите тој сака голем дел од неговите пари да ги префрли во Турција“ изјави Бајрак за турските медиуми.
Инаку тој потекнува од едно од најбогатите и најважните семејства во Турција. Тој е директор на АБ Холдинг и се занимава со повеќе бизниси.