Браво: Чеферин во својот дом примил фудбалер кој побегнал од војната во Украина!

365

Што да се каже за големиот гест на претседателот на УЕФА Александер Чеферин. Фудбалска јавност многу добро знае за каков човек станува збор, но со најновиот потег Словенецот само го потврди тоа и ги собра сите симпатии во фудбалска, и не само фудбалска, Европа.

Имено Чеферин во својот дом деновиве примил фудбалер кој побегнал од ужасите и војната во Украина. И ќе престојува таму се додека треба, додека фудбалерот не се снајде.

Ова го потврди самиот Чеферин кој сепак поради својата скромност не кажа за кој фудбалер станува збор.

Никој не очекуваше дека ќе има војна во Европа, дека вакво нешто ќе се случи. Да, точно е тоа дека им помогнав на неколку фудбалери да побегнат од војната во Украина, на играчи кои беа странци во таа земја. Понекогаш официјалните власти не можат да го сторат тоа, затоа сме ние тука, да помогнеме колку што можеме. Еден од тие играчи ја напушти Украина и остана кај мене дома. Верувам дека ова лудило ќе заврши што побргу“ изјави големиот човек Александер Чеферин.

ПретходноМедведев го избриша руското знаме од својот Инстаграм, неговите сонародници збеснаа!
СледноИталија – Македонија (24 март): Милевски ќе прозива на 20 март, два дена подоцна се лета за Палермо!