Со оглед на фактот што тимот на Вардар знае на едно коло до крајот на групната фаза од ЛШ, на кое место ќе заврши, автоматски знае и кој ќе биде следниот негов противник со кој ќе се сретне во елиминационата фаза.
ЕХФ ги додели службените бодови од дуелите со Мешков Брест и Мотор Запорожје и на коло до крајот рачистени се неколку дилеми.
Вардар со 11 бода, три повеќе од Елверум и Загреб завршува на петтото место во групата.
Во групата „Б“, се добиени службени бодови поради неодиграните мечеви натпревари со Мотор Запорожје, добија екипите на Барселона, ПСЖ и Порто.
Па така, сега во оваа ситуација, Барселона односно ПСЖ се борат заедно со Келце за првите три места. Веспрем дефинитивно ќе заврши четврти, затоа што првите три места за него се недостижини.