Одбојкарите на Весна Пробиштип го совладаа Јанта Волеј во четири сета и го пополнија последното слободно место за четвртфиналето на македонскиот одбојкарски куп. Со оглед на рангирањето според резултатите во првенството, меѓу осумте директно влегоа Струмица 47&72, Шкендија, Универзитет во Тетово, ГОК Борец, Вардар, Лирија и Штип УГД.
Двојките за четврфиналето ќе бидат одредени со ждрепка, а дуелите ќе се играат на 9 и 16 март.
Кај дамите, во осминафиналето прволигашките екипи лесно ја завршија работата и обезбедија влез во наредната рунда, освен две изненадувања кои ги приредија второлигашите Македонија Макс и Вардар ЕМ. Тие беа големи изненадувања, откако успеаја да се изборат за место во четврфиналето со победи над прволигашки состави. Македонија Макс го изненади Универзитет во Тетово, додека Вардар ЕМ славеше над своите градски ривалки Вардар.
Куп (мажи), осминафинале:
ВеснаПробишип* – Јанта волеј 3:1 (25:21, 23:25, 25:20, 25:12)
Куп (жени), осминафинале
Работнички Скопје* – Виктори волеј 3:0 (25:13, 25:16, 25:12)
Наковски волеј* – ТЕ волеј 3:0 (25.8, 25:6, 25:5)
Струмица жени* – Јанта волеј Форца 3:0 (25:7, 25:15, 26:24)
Бами Кор – Јанта волеј Кисела вода* 0:3 (20:25, 11:25, 18:25)
Пелистер волеј* – Младост УГД 3:0 (25:17, 25:15, 25:20)
Универзитет во Тетово – Македонија Макс* 1:3 (16:25, 25:13, 20:25, 25:27)
Фит фан волеј* – Ускана 3:0 (25:16, 25:13, 25:19)
Вардар жени – Вардар ЕМ* 1:3 (25:17, 19:25, 16:25, 21:25)