Медведев го избриша руското знаме од својот Инстаграм, неговите сонародници збеснаа!

312

Данил Медведев, моментално светскиот тенисер бр.1, направи хаос во својата земуја, во Русија. Имено тој деновиве од својот Инстаграм профил го тргнал или поточно го избришал руското знаме. Овој негов потег наиде на огорченост во тамошната јавност, неговите сонародници збеснаа и се многу гневни на него. Се разбира тие се претeжно оние кои го поддржуваат Путин во агресијата врз Украина.

По ова сега тие го „плукаат“ на социјалните мрежи.

Инаку познато е дека Медведев може да настапува на тениските турнири како неутрален спортист, а не како тенисер од Русија. И тоа поради исклучувањето на руските спортисти, клубови и репрезентации од сите спортски асоцијации во светот.

Можеби ова е причината зошто Медведев го сторил тоа.

ПретходноАлтипармаковски: Триумф над Пелистер за излез од резултатската криза
СледноБраво: Чеферин во својот дом примил фудбалер кој побегнал од војната во Украина!