Англиските медиуми денеска пишуваат дека на адреса на Роман Абрамович веќе пристигнала една официјална понуда за купување на Челзи. Се работи за понудата од Швајцарија поточно на онаа од швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис и конзорциумиот кој го раководи токму тој.
Дали се работи за понуда која ја состои сумата од 3 милијарди фунти колку што Абрамович објави дека бара за продажбата на клубот, не е објавено, но во секој случај дека има простор за разговор.
Очекувањата во клубот се дека во следните денови може да се добијат повеќе понуди, бидејќи не недостига интерес за победникот во Лигата на шампионите, по што ќе бидат разгледани сите предлози и ќе почнат преговорите.
Абрамович во средата ја објави својата официјална одлука да го продаде клубот, велејќи дека верува дека „тоа е во најдобар интерес на клубот“ по руската инвазија на Украина. Во соопштението се додава дека тој нема да бара отплата на ниту еден заем и дека нето приходите од продажбата ќе бидат искористени за поддршка на жртвите од војната.