И не само официјално за следната сезона членови на Татабања се сегашните ракометари на Е. Пелистер Немања Обрадовиќ и Матео Мараш, туку и Јосип Периќ и Мартон Секељи. Попладнево од раководството на унгарскиот клуб, на своите социјални мрежи, се пофалија дека за следната сезона ги договориле и Хрватот Периќ и Унгарецот Секељи. Значи засега од Е. Пелистер тимот на Татабања ангажираше четворица ракометари за следната сезона, барем засега. Навистина останува прашањето што се случува со Е. Пелистер, какви ли им се амбициите на битолчани за следната сезона.
Интересно е тоа што и Периќ и Секељи некогаш беа членови на Татабања.