Станува се поизвесно дека ПСЖ на крајот на оваа сезона ќе ја раскине соработката со Серхио Рамос.
Легендарниот капитен на Реал Мадрид одигра само пет мечеви за францускиот тим, постојано е повреден, а Леонардо меѓу редови изјави дека Шпанецот е погрешен потег. Тој никако не успева да се опорави од повредите, нема да игра против Ница вечерва, а ниту пак ќе биде во конкуренција за дуелот со Реал во Мадрид во рамките на Лигата на шампиони.
Иако потпиша договор на две години, раководството на клубот ќе му понуди одредена сума за да ја раскинат соработката порано.
Најверојатно својата кариера Рамос ќе ја заврши во МЛС-лигата.