Кошаркарите на Денвер без големи проблеми го совладаа Хјустон со 116-101. На овој дуел во составот на Нагетси не беше најдобриот кошаркар Никола Јокиќ. Српскиот репрезентативец е надвор од терените поради болест, но не станува збор за коронавирус.
Лидерската улога ја превзема Демаркус Кзинс, кој неодамна потпиша договор со Денвер. Тој мечот го заврши со 31 поен, 9 скока и четири асистенции во првиот меч оваа сезона. Ова е неговиот најдобар учинок и прва партија со над 30 поени од 2018 година. На другата страна Вуд имаше 22 поени.
Денвер дојде до 37 победа во Западната конференција, во моментов е на шестото место на табелата кое води директно во плеј-офот. Додека Хјустон е на дното има само 15 победи.
РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Индијана 111-106, Филаделфија – Кливленд 125-119, Вашингтон – Атланта 114-117, Чикаго – Милвоки 112-118, Торонто – Орландо 97-103, Њу Орлеанс – Јута 124-90, Оклахома – Минесота 101-138, Денвер – Хјустон 116-101, Феникс – Њујорк 115-114.