Слога Виница успеа да ја победи Саса во дербито на 18.коло во ВМФЛ -ИСТОК, да го искористи ремито без голови во Прилеп, и да се најде на лидерската позиција на табелата. Ова значи дека виничани третиот круг ќе го започнат од првото место. Денеска стрелци за Слога беа Иванов и Симевски.
Рековме веќе Победа и Беласица во Прилеп одиграа 0:0.
Братство со голот на Каришиќ успеа да го победи Детонит. Пехчево славеше кај ТИМ Локомотива со 0:1, а Осогово и Кожуф одиграа 1:1.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 18.КОЛО
БРАТСТВО – ДЕТОНИТ 1:0
ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА 0:0
ТИМ ЛОКОМОТИВА – ПЕХЧЕВО 0:1
ОСОГОВО – КОЖУФ 1:1
СЛОГА (В) – САСА 2:0
ТАБЕЛА
Слога (В) 39, Победа 37, Беласица 35, Саса 34, Осогово 23, Кожуф 22, Пехчево 22, Детонит 20, Братство 13, ТИМ Локомотива 6