За време на војната во Украина, ретко кој зборува за коронавирус, кој беше популарен и ни ги уништи животите во последните две години.
Ковид-19 правеше големи проблеми во спортот. По долго време поради пандемијата нема да се одигра еден натпревар. Станува збор за Бундес-лигата поточно за тимот на Мајнц, кој има позитивни лица на коронавирус.
Овој клуб има доволно број на играчи кои имаат Ковид-19 за да го одложи мечот со Борусија Дортмунд.
Германците го објавија новиот термин, тоа ќе биде 16. март.
Борусија Дортмунд е второпласиран тим со 50 бодови, зад Баерн.