Со убедливата победа вечерва во Велес над екипата на Борец од 3:0, одбојкарите на Вардар веќе се пробија на второто место на табелата во плеј-оф делот од Првата одбојкарска лига за мажи. „Црвено-црните“ нанижаа уште еден триумф вечерва против ГОК Борец и со тоа успеааја да се пробијат на второто место зџад лидерот Струмица, која и натаму ниже победи од почетокот на сезоната.
Струмичани денеска со максимален резултат го поразија Универзитет во Тетово. Шкендија вчера на отворањето на колото со 3:1 беше подобра од Лирија.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (3. коло)
Шкендија – Лирија 3:1 (25:15, 25:22, 22:25, 25:21)
Универзитет во Тетово – Струмица 47&72 0:3 (176:25, 21:25, 17:25)
ГОК Борец – Вардар 0:3 (24:26, 17:25, 20:25)
ТАБЕЛА: Струмица 39, 2. Вардар 27, 3. Универзитет во Tетово 26, Шкендија 25, Борец 22, Лирија 17.
Прва лига (мажи), Втора фаза-2 (3. коло)
Јанта волеј – Штип УГД 1:3 (26:24, 23:25, 20:25, 11:25)
Македонија Џио – Дибра волеј 0:3 (26:28, 22:25, 22:25)
Слободна е екипата на Весна Пробиштип