Во ПСЖ ја признаа грешката, Серхио Рамос си оди?

353

Станува се поизвесно дека ПСЖ на крајот на оваа сезона ќе ја раскине соработката со Серхио Рамос.

Легендарниот капитен на Реал Мадрид одигра само пет мечеви за францускиот тим, постојано е повреден, а Леонардо меѓу редови изјави дека Шпанецот е погрешен потег. Тој никако не успева да се опорави од повредите, нема да игра против Ница вечерва, а ниту пак ќе биде во конкуренција за дуелот со Реал во Мадрид во рамките на Лигата на шампиони.

Иако потпиша договор на две години, раководството на клубот ќе му понуди одредена сума за да ја раскинат соработката порано.

Најверојатно својата кариера Рамос ќе ја заврши во МЛС-лигата.

ПретходноПМФЛ: Тиквеш против “пиратите“ со победнички мисли!
СледноНема место за Руси во Формула1: Тимот Хас го избрка Мазепин!