Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е освојувач на сребрениот медал на трката на 3000 метри во рамките од Балканското првенство за семиори во атлетика кое што се одржува во Истанбул.
Тој во дисциплината на 3000м со резултат 7:58.48 постави и нов национален рекорд на Македонија вреден 1087 бода . Во оваа дисциплина минатата година на истото првенство го освои златниот медал и се закити со титулата Балкански шампион.