Деби на Митев, Феникс по цел плен во Гостивар!

252

Денеска на програмата се четири средби од 17 коло во Првата лига. Тимовите ја продолжуваат битката за место во Супер-лигата, секој бод е важен. Веќе нема непобедливи, Пелистер падна пред дебитантот Феникс, а МЗТ Скопје прв може да ја загрози лидерската позицијата на битолчани. Дали ќе се случи тоа, ќе биде познато дури утре, по завршување на градското дерби.

Во центарот на вниманието е Ангели, на клупата на овој тим седна Боби Митев. Искусниот стратег по долги години се врати во Македонија, неговата желба е да го остави клубот во прволигашкото друштво, но и да извади нови таленти со кои веќе работи. Ангели е домаќин на освојувачот на Купот на Македонија, ТФТ, мечот се игра во 17 часот.

Во истиот термин МЗТ Скопје 2 е домаќин на Академија ФМП. Клубот од Кисела Вода, остана без својот кормилар, Александар Петровиќ, кој го превзема МЗТ Скопје. „Академците“ се на четвртото место на табелата, со два бода ќе продолжат да чекорат кон местата кои водат во следната рунда.

Со почеток во 18 часот се играат две интересни средби. Еуро Никел е домаќин на Кожув, додека Феникс гостува во Гостивар.

Дебитантот зад себе го има триумфот над Пелистер, нема намера да застане. Има 24 бода исто колку и кавадарчани, па победа ќе значи продолжување на сонот Супер-лига. Феникс на првата средба славеше против Гостивар на домашен терен (87-81), ова беше еден од неколкуте големи победи за овој тим. Противникот се подготвува за одмазда, ги повика навивачите да дојдат во сала, дефинитивно во „Младост“ ќе биде спектакл.

ПретходноПутин го возвраќа ударот, Русија и Белорусија со свои игри!
СледноСкоро 15 милиони денари за една недела завршија кај играчите благодарение на СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР  И МИНИ ЏЕК ПОТ