Димитријевиќ – МВП: Супер Нено ја урна славната Барселона

607

Уште една маестрална партија на македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ во Лига Ендеса. Валенсија на домашен терен ја пречека Барселона и приреди вистинска сензација. Тимот за кого настапува Нено после четири години успеа да го урне каталонскиот гигант, славеше со 86-76. Последен пат Валенсија на домашен терен славела против Барселона во јануари 2018 година.

Нашиот најдобар кошаркар беше лидер во редовите на домашниот состав. Нено беше МВП на средбата, не само што поентираше, туку го разигруваше тимот. Димитријевиќ мечот го заврши со 16 поени (0/1 за три, 5/9 за два, 6/6 за еден поен), седум асистенции и четири скока. Тој мечот го заврши како прв стрелец, во игра мина 27. минути.

Валенсија одигра одлично во второто полувреме, на три минути до крајот дојде до двоцифрена предност од 79-69, и покрај обидите на каталонскиот гигант, успеа да донесе радост на својата публика и воедно да им го нанесе четвртиот пораз на гостите оваа сезона во Лига Ендеса.

Валенсија е на четвртото место на табелата со скор од 13 победи и седум порази.

ПретходноЕуро Никел и Гостивар им сервираа одмазда на Кожув односно Феникс
СледноРома минимално против Аталанта (ВИДЕО)