Европа не простува: Го избркаа од Евертон, му ја конфискуваа мега – јахтата, му ја одземаа вилата на Сардинија!

5794

По инвазијата на Русија врз Украина, почна „ловот“ по пријателите на Владимир Путин, односно „ловот“ по руските тајкуни и супер – богаташи. Се чини Европа не простува, а тоа на своја кожа го осети Алишер Усманов, некогашниот газда на Арсенал, инаку еден од најблиските луѓе на Путин.

Усманов кој досега беше најголемиот спонзор на Евертон е избркан од клубот од “Гудисон“, потоа му ја конфискуваа скапоцената мега – јахта која чинеше неверојатни 600 милиони евра. Следуваше бркање од местото претседател на Светската федарација во мечување. Италија потоа му ја одзеде една од вилите кои тој ги поседува во Сардинија со закана дека се што има Усманов во Италија и Европа како некретнина ќе му биде конфискувано.

Тешки денови за негогашниот газда на Арсенал и личен пријател на Путин, а тоа е Алише Усманов.

ПретходноЖелезничар подобар од Васоски и Аврамовски во дербито
СледноЕуро Никел и Гостивар им сервираа одмазда на Кожув односно Феникс