Едно добро полувреме за Ангели против ТФТ, „Академците“ како фурија низ Аеродром

251

Екипата на Ангели не успеа да приреди ново изненадување во прволигашкото друштво. Дебитантот одигра едно добро полувреме против ТФТ, недоволно за нешто повеќе. На крајот тимот од Кисела Вода на домашен терен беше совладан со 54-77 во дебито на Боби Митев.

Кошаркарите на Ангели добро се спротиставија на актуелниот освојувач на Купот на Македонија во првите 20 минути, пред одморот имаа позитива од четири коша (31-27 и 33-29). По првото полувреме беше 33-32.

Слабата игра во третата четвртина во која Ангели постигна само шест поени, а на другата страна гостите 26, го одлучи победникот. Во последните десет минути домашниот состав имаше негатива од 39-58.

Хортон имаше дабл-дабл од 23 поени и 11 скока, кај домаќинот, Наумоски имаше 14 поени.

Избраниците на Боби Митев не успеа да се вратат, го запишаа 14 пораз во Првата лига.

На втората средба од истиот термин, Академија ФМП без проблем го совлада вториот состав на МЗТ Скопје со 63-84 во дебито на Никола Божиновски. Со новите бодови тимот од Кисела Вода направи нов важен чекор кон Супер-лигата. Сега има 11 победи и шест порази.

Гостите по само првата четвртина ги решија дилемите на оваа средба, поведоа со 14-33, на одморот водството беше 28-52. До крајот имаа рустинска задача. На другата страна домаќинот ја искористи опуштеноста на противникот, па последната четвртина ја доби со и го „ублажи“ поразот.

Бакоч беше стрелец на 18 поени, по 14 имаа Стојановски и Крстајиќ. Кај МЗТ Скопје 2, Рансом имаше 14 поени.

ПретходноТежок инцидент во Црна Гора, прекинато дербито Дечич – Будуќност (ВИДЕО)
СледноЖелезничар подобар од Васоски и Аврамовски во дербито