Тимот на Еспањол попладнево ја искористи предноста на домашниот терен и славеше со 2:0 против тимот на Гетафе. Стрелци на головите за домашниот тим беа Кабрера додека пак Кабако погоди во сопствената мрежа.
Еспањол на овој начин обезбеди екстра бодови кои значат избегнување на позициите од самото дно на табелата, додека пак Гетафе ќе треба да се помачи пролетва за да обезбеди дефинитивен опстанок, затоа што со своите 27. бода е на само 5 поени од местата за испаѓање.