Еуро Никел и Гостивар им сервираа одмазда на Кожув односно Феникс

101

Уште два натпревари се одиграа вечерва во рамките на 17 коло во Првата лига. И на двата победници излегоа домашните тимови, Еуро Никел му се реваншираше на Кожув (78-63), додека пак Гостивар на Феникс (96-75).

Кавадарчани од средината на првата четвртина ја превземаа контролата против гевгелискиот состав, по првата четвртина имаа позитива од 24-17. Гостите во вториот период на кратко успеаја да израмнат на 32-32, на одморот имаа негатива од 37-22. Домашниот состав набрзина дојде на плус 15 (47-32), не дозволи пресврт, полека го зголемуваше водството и до крајот без проблем со приведе мечот во своја корист.

Соколов со 16 поени беше лидер кај Еуро Никел, зад него беше Николовски со 14 поени. Во редовите на гостинскиот состав Бродвеј имаше 17 поени и 10 скока.

По победата над Пелистер, Феникс не успеа да дојде до нова сензација. Избраниците на Денис Дервишевиќ не издржаа на жешкиот терен во Гостивар. Дебитантот во прволигашкото друштво издржа само едно полувреме (47-39), по кое домаќинот влезе во ритам и дојде до убедлива победа.

Јанески со 18 поени беше прв стрелец, два поени помалку имаше Тодоровиќ, кој додаде и девет скока. Вокру мечот го заврши со дабл-дабл од 15 поени и 10 скока. Трајковски со 19 поени беше прв стрелец кај Феникс.

Гостивар сега е привремено на второто место на табелата, има 29 бода исто колку и МЗТ Скопје, кој утре игра против Работнички.

ПретходноЕвропа не простува: Го избркаа од Евертон, му ја конфискуваа мега – јахтата, му ја одземаа вилата на Сардинија!
СледноДимитријевиќ – МВП: Супер Нено ја урна славната Барселона