ЗАПАД: Лидерот убедлив, „киксови“ на Вардар и Воска, инцидент по мечот во Тетово!

1598

Интересни мечеви попладнево во ВМФЛ – ЗАПАД. Силекс дојде до првата своја победа оваа пролет и тоа со 3:0 и тоа против Кораби. Алии, Танушев и Каланоски стрелаа за кратовци.

Вардар и Воска Спорт како гости не успеаја да победат. Вардарци во Гостивар одиграа само 1:1. Мишковски уште во 4.минута донесе водство за Вардар, но Велинов израмни.

Кикс и на Воска Спорт која не успеа да го победи Тетекс во Тетово. Четата на стратегот Раде Цицмиловиќ одигра само 1:1. По мечот дојде до мал инцидент на теренот, но за среќа се добро се заврши без поголеми проблеми.

Охрид во соседското дерби ја победи екипата на Велешта со 2:1. Шопоски и Нически стрелаа за домашните, додека Асани за тимот на Велешта.

И во последниот меч, Беса како гостин го победи Кадино со 0:5.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 18.КОЛО

СИЛЕКС – КОРАБИ 3:0

ГОСТИВАР – ВАРДАР 1:1

ТЕТЕКС – ВОСКА СПОРТ 1:1

ОХРИД – ВЕЛЕШТА 2:1

КАДИНО – БЕСА 0:5

ТАБЕЛА

Силекс 46, Воска 39, Вардар 33, Тетекс 25, Гостивар 22, Беса 20, Кораби 20, Охрид 19, Велешта 17, Кадино 6

ПретходноОсасуна со триумф на домашен терен (ВИДЕО)
СледноИСТОК: Слога (В) како прва оди во “третиот“ круг, Победа и Беласица одиграа 0:0