ИСТОК: Коло на дерби дуели, Слога (В) – Саса, Победа – Беласица

193

И на истокот денеска од 14 часот се играат сите пет натпревари од 18.коло. Интересно е тоа што ова последно коло од вториот круг ќе биде коло на дерби натпревари. Играат првите две екипи со третата и четвртата.

Имено Слога (В) која има 36 бодови дома ја дочекува Саса која пак има два бода помалку. Во Прилеп домашната Победа, која има 36 бодови и е лидер, ја дочекува Беласица која има 34 бодови.

Значи не само што не очекува супер интересно коло туку и супер интересна пролет во битка за пласман во ПМФЛ.

Останатите три меча попладнево се во длабока сенка на дерби средбите. ТИМ Локомотива го дочекува Пехчево, Осогово игра со Кожуф а Братство на свој терен ќе ги одмери силите со Детонит.

ДВОЈКИ ЗА 18.КОЛО ВО ВМФЛ – ИСТОК (ДЕНЕСКА 14 Ч)

БРАТСТВО – ДЕТОНИТ

ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА

ТИМ ЛОКОМОТИВА – ПЕХЧЕВО

ОСОГОВО – КОЖУФ

СЛОГА (В) – САСА

ТАБЕЛА

1.ПОБЕДА 36

2.СЛОГА (В) 36

3.БЕЛАСИЦА 34

4.САСА 34

5.ОСОГОВО 22

6.КОЖУФ 21

7.ДЕТОНИТ 20

8.ПЕХЧЕВО 19

9.БРАТСТВО 10

10.ТИМ ЛОКОМОТИВА 6

ПретходноЗАПАД: Време е Силекс да победи, Вардар на гости кај Гостивар, Воска под Шара…
СледноПутин го возвраќа ударот, Русија и Белорусија со свои игри!