Фудбалерите на италијанската репрезентација ќе имаат максимална поддршка на трибините за бараж мечот со Македонија за место на Светското првенство 2022 година.
За дуелот кој е закажан за 24. март во Палермо, картите беа распродадени за два часа. На Стадионот „Ренцо Барбера“ ќе има 26.000 навивачи, шест илјади беа претходно продадени, додека останатите 20.000 билети ги снема за два часа. Капацитетот на стадионот ќе биде исполнет само 75% поради пандемијата коронавирус, останува да видиме дали во оваа земја ќе има промени во однос на посетеноста на натпреварите, па истиот да биде зголемен.
Македонците пак кои ќе сакаат да ги поддржат фудбалерите од лице место, своите билети ќе можат да ги набават од понеделник, поточно да се пријавуваат за купување на билети за мечот преку електронска адреса, процесот трае до 15. март. Деталите можете да ги прочитате на следниот ЛИНК.