Клоп има јасен план, само една работа може да го остави во Ливерпул

575

Доаѓањето на Јирген Клоп во Ливерпул во 2015 година се покажа како вистински потег. Германскиот стручњак го подигна нивото на тимот, а после 30 години „црвените“ ја освоија шампионската титула во Премиер-лигата и се најдоа меѓу најдобрите во Европа.

На Клоп договорот му истекува во 2024 година, тој зборуваше за неговото заминување.

„Планот е ист, нема промени. Доколку одлучам да си одам по завршување на договорот, тоа нема да биде поврзано со квалитетот на тимот. Нашата цел се долгорочни планови, клубот мора да биде уште подобар кога ќе го напуштам“, изјави Клоп.

За евентуално продолжување на соработката, тој потенцира една работа:

„Ако имам енергија која ќе се поклопи со тимот. Тоа е многу важно. Но, во овој момент планот е 2024 година“, порача одличниот стратег.

Клоп Ливерпул го водеше на 360 натпревари и има одличен учинок. Победи на 219 меча, нерешено завршија 82, додека 59 пати си одел како поразен.

ПретходноКличко: Ловиме снајперисти, убивме шест!
СледноИталија за два часа ги распродаде билетите за бараж мечот со Македонија