Комити: Е вака веќе не може…. време е за РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ!!!

2658

Денеска во рамките од најновото коло во ВМФЛ Запад, тимот на Вардар не успеа да обезбеди победа на гостувањето кај Гостивар, одигра само 1:1, и на тој начин испушти шанса да го искористи киксот на директниот конкурент Воска кој пак исто така одигра 1:1, но во Тетово кај Тетекс.

Навивачката група Комити, која е верен следбеник на мечевите на Вардар, и е најзаслужна што клубот опстои во најтешките можни моменти, предмалку објави парола на социјалните мрежи која јасно става до знаење што мисли за денешниот резултат.

„Гостивар – ВАРДАР 1:1

Време е за радикални промени! НЕ СТЕ СВЕСНИ КОЛКУ СМЕ БЕСНИ!!!!!!!!!“ – напишаа Комити, очигледно гневни што Вардар уште еднаш, (по којзнае кој пат по ред) не успеа да искористи кикс на директниот конкурент Воска и бодовно да се приближи, израмни или пак го престигне овој тим на табелата.
Вардар не смее ова повеќе да си го дозволи, да расфрла бодови каде што ќе стигне, затоа што Вардар е Вардар, ама на терен очигледно ривалите му немаат премногу респект на најрофејниот клуб во Македонија. Напротив, му играат гради вгради, отворено машки, нешто што очигледно дека момците во „црвено – црно“ не очекуваа да се случи. Зошто? Само тие си знаат. Зошто дресот на Вардар колку што е тежок да го носиш, толку е мотивирачки кога го гледаш против тебе. А тоа очигледно дека некој сеуште не го разбрал….

ПретходноИСТОК: Слога (В) како прва оди во “третиот“ круг, Победа и Беласица одиграа 0:0
СледноДарио Ивановски со сребро во Истанбул