Лацио им се врати на победите (ВИДЕО)

75

По два меча без триумф, Лацио им се врати на победите. Вечерва на Сардинија, „римските орли“ славеа со убедливи 3:0 на гостувањето против Каљари и ја остварија 13-тата сезонска победа со која повторно се враќаат во трка за некое од првите 6 места на табелата кои обезбедуваат европски настап.

Серијата погодоци ја отвори Имобиле од пенал во 19. минута, по што до крајот на првиот дел Луис Алберто зголеми и на 2:0. Третиот гол за гостите беше дело на Фелипе Андерсон во 62. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноРадуловиќ тргна со убедлива победа на клупата на Башкими
Следно„Бомби“ на Камавинга и Модриќ за пресврт-победа на Реал (ВИДЕО)