Мане го чува Ливерпул на чекор од „граѓаните“ (ВИДЕО)

93

Садио Мане му донее нова победа на Ливерпул и го остави на чекор зад шампионот Манчестер Сити по 27. кола во англиската Премиер лига. Сенегалецот погоди во 27. минута на вечерашниот дуел против Вест Хем на „Енфилд“, што на крајот се покажа како клучен момент на средбата.

Вест Хем и денеска потврди дека е исклучително квалитетен тим, но немаше среќа во неколку наврати креирајќи чисти шанси пред голот на Алисон. И Ланзини и Банрама имаа две 100% шанси за израмнување, но не успеаја да го матираат Алисон.

Минималниот триумф го остава Ливерпул на 3 бода разлика од Сити и најава за исклучително возбудлива завршница на сезоната.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноОдлична партија на Македонецот: Тричко го урна Анортозис! (ВИДЕО)
СледноПролет убедливо против Радовиш на стартот на плеј-аут лигата