Иван Тричковски уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите стрелци во шампионатот на Кипар, ако не и најдобар. Имено вечерва во меч од плеј-офот во елитната лига на Кипар, Македонецот со два гола го урна Анортозис и тоа на негов терен. АЕК Ларнака победи со 1:3, а Тричко стрелаше во 27. минута од пенал и во 64. минута. Со овие два гола тој стигна до 12 голови во годинашната сезона во елитната лига на Кипар.
Со овие три бода неговиот АЕК Ларнака му се доближи на лидерот Аполон во битката за титулата.