Пролет со триумф го отвори настапот во плеј-аут лигата, рутински славеше над Радовиш со убедливи 32-22.
Избраниците на тренерот Лембанов уште од самиот почеток наметнаа темпо, поведоа со 5-2. Радовиш само за момент се врати, израмни на 5-5. Пролет влезе во нова серија за која радовишани немаа одговор. Пред крајот на полувремето домаќинот пропушти шанса за „плус десет“ при водство од 16-7, по што Радовиш со два гола во финишот намали на 16-9. До крајот не се промени ништо на теренот.
Дејан Пецаковски беше најефикасен во победничкиот тим со седум гола ,шест постигна Палевски, додека по три пати прецизни беа Димов, Мајнов и Џонов.
На втората средба Струга славеше против Скопје со 30-25.