Путин го возвраќа ударот, Русија и Белорусија со свои игри!

829

Изминатите неколку денови се повеќе рускиот спорт трпи понижување. Поради нападот на Владимир Путин врз Украина, нема спортска асоцијација од која Русите не беа исклучени или исфрлени. Белорусија исто така доживеа колатерална штета, имено на спортистите на овие две земји не им беше дозволено да се натпреваруваат на пара-олимписките игри во Пекинг кои се во тек.

Поради тоа  Путин одлучил да го возврати ударот. Имено тој наредил спортистите на овие две земји да се натпреваруваат на свои игри, и тоа на терените во Сочи, каде пред неколку години беше одржана Зимската олимпијада.

До каде овие трагикомедии со спортот ќе одат останува да се види.

ПретходноИСТОК: Коло на дерби дуели, Слога (В) – Саса, Победа – Беласица
СледноДеби на Митев, Феникс по цел плен во Гостивар!