Пол Погба на лето се враќа во Јувентус. Оваа информација утринава ја лиферува италијанската “Газета“, која известува дека почнале преговорите меѓу клубот од Торино и менаџерите на фудбалерот на Манчестер Јунајтед и еден од клучните играчи во репрезентацијата на светскиот првак Франција.
Познато е дека на Погба летово му истекува договорот, за него силно се заинтересирани и Реал Мадрид и ПСЖ, но тој повеќе го преферирал Јуве со оглед на тоа дека, според него, најсреќен бил во периодот од 2012 до 2016 како фудбалер на “црно-белите“.
Сепак конечен договор се уште нема. Имено проблем било висината на платата, Јуве најмногу што може да понуди е 10 милиони евра годишно, што е премалку за Французинот ако се знае дека Реал и ПСЖ можат двојно повеќе да го платат.