Тиквеш – Скопје 3:0: Блесок на Нгоба и младите Тодоров и Тасев! (ВИДЕО)

930

Целосна доминација, одлична игра и заслужена победа на Тиквеш против Скопје со 3:0. Во првиот меч од 22.коло во ПМФЛ, останатите се играат утре, тимот на Влатко Костов ја одигра веројатно најдобрата своја партија оваа пролет. Три гола, двапати погодена стативата, и барем уште три идеални шанси за кавадарчани, сосема доволно за триумф и големи три бода.

Скопје не покажа речиси ништо, посебно не по исклучувањето на Димов во 30.минута кога “пиратите“ останаа со играч помалку.

Тиквеш поведе во 45.минута со голот на Нгоба, истиот играч во 60.погоди и за 2:0. Да тој е играч на натпреварот, но треба да се каже дека блескаа младите и талентирани момци на Тиквеш, Тодоров и Тасев во второто полувреме. Првиот е заслужен за вториот гол на Нгоба, а Тасев пак испрати прекрасен шут од далечина, сантиметри го делеа од спектакуларен погодок. Сепак тоа не беше се, во 88.минута Ризов шутираше, топката го закачи гостинскиот стопер Најдоски и заврши во мрежата на Ефремов за 3:0 за кавадарчани.

Да кажеме и тоа дека во 80.минута Скопје остана и со двајца играчи помалку откако и Десниќ доби црвен картон.

ПретходноСе враќа ли во Торино: Погба ги почна преговорите со Јувентус!
СледноОсасуна со триумф на домашен терен (ВИДЕО)