Откако се води војна во Украина, јасно е дека спортот па и фудбалот се во втор план. Никој не знае до кога ова лудило ќе потрае, а најмалку кога ќе почне да се игра одново фудбал во таа земја.
И повеќе од јасно е дека првенството во Украина нема да продолжи со оглед на тековните настани.
Па така дојде интересна понуда од претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, Лигата да се игра во неговата земја. Токму Италија да биде домаќин на Украинската лига.
Колку е ова можно, останува да се види.
Гравина кој е и потпретседател на УЕФА, смета дека во најбрз можен рок Европската куќа на фудбалот мора да го раскине договорот со “Газпром“, руски гигант кој е еден од главните спонзори на УЕФА која пред неколку дена официнално најави дека такво нешто секако дека ќе се случи.