Фит Фан Волеј лидер во плеј-аут фазата

115

Очекувајќи го утрешното дерби меѓу Работнички и Наковски Волеј од плеј-оф делот во Првата лига за жени, денеска се одиграа два меча од втората рунда во плеј-аут фазата. Вардар и Фит Фан Волеј успеаја со максимални 3:0 да слават над екипите на Универзитет во Тетово и Пелистер Волеј и со тоа да ја потврдат одличната форма.

Со денешната победа, Фит Фан Волеј ја презема првата позиција на табелата во плеј-аут зоната.

Прва лига (жени), Втора фаза-1 (2. коло)

Работнички Скопје – Наковски волеј              (недела, 16.00)

Јанта волеј КВ – Струмица жени                     (понеделник, 18.00, пренос  МРТ-3)

Прва лига (жени), Втора фаза-2 (2. коло)

Вардар – Универзитет во Тетово           3:0 (25:13, 25:21, 25:20)

Пелистер Волеј – Фит Фан Волеј            0:3 (20:25, 19:25, 16:25)

ТАБЕЛА: Фит Фан Волеј 16, Пелистер В. 13, Универзитет во Тетово 10, Вардар 9.

 

ПретходноПознат распоредот од третиот круг во двете втори лиги
СледноДориан Бабунски повторно стрелец, Дебрецин поразен