Тимот на Челзи во рамките од новото коло во Премиер лигата покажа дека се она што во моментов се случува во и околу клубот, а нема никаква врска со самиот тим или играчите нема преголемо влијание на игрите и резултатите. „Сините“ обезбедија нови три бода во сигурната победа над Барнли на гостински терен со високи и убедливи 0:4.Стрелци на головите беа Хамес Родрихес, Каи Хавертс на два пат и Кристијан Пулишиќ.
Од друга страна пак, изненадување приреди тимот на Кристал Палас, кој успеа да слави кај Вулверхемптон на гости со 0:2, со головите на Матета и Заха уште во првиот дел. Фрејзер и Шар му донесоа рано водство на тимот на Њукасл на домашен терен против Брајтон, подоцна гостите намалија на 2:1 преку Мек Алистер но тоа беше се од нив на овој меч.
Резултати:
Астон Вила – Саутемптон 4:0
Барнли – Челзи 0:4
Њукасл – Брајтон 2:1
Норвич – Брендфорд 1:3
Вулверхемптон – Кристал Палас 0:2