Садио Мане му донее нова победа на Ливерпул и го остави на чекор зад шампионот Манчестер Сити по 27. кола во англиската Премиер лига. Сенегалецот погоди во 27. минута на вечерашниот дуел против Вест Хем на „Енфилд“, што на крајот се покажа како клучен момент на средбата.
Вест Хем и денеска потврди дека е исклучително квалитетен тим, но немаше среќа во неколку наврати креирајќи чисти шанси пред голот на Алисон. И Ланзини и Банрама имаа две 100% шанси за израмнување, но не успеаја да го матираат Алисон.
Минималниот триумф го остава Ливерпул на 3 бода разлика од Сити и најава за исклучително возбудлива завршница на сезоната.
El gol de Sadio Mané.#Liverpool 1-0 #WestHam #PL 🏴pic.twitter.com/rCx6IjBCse
— Bauti (@Bau_Nickk) March 5, 2022
Standings provided by SofaScore LiveScore