Нема место за Руси во Формула1: Тимот Хас го избрка Мазепин!

127

Никита Мазепин и официјално нема да вози оваа сезона во Формула 1. Имено неговиот, сега веќе некогашен, тим Хас одлучи да му го раскине договорот на Рускиот возач и да го отстрани од тимот. Причината е војната во Украина и нападот на Путин врз таа земја. Познато е дека семејството Мазепин е во блиску односи со претседателот на Русија.

Одлуката Ф1 тимот Хас ја образложи дека како и целиот свет и тие се шокирани од случувањата во Украина и дека го раскинуваат договорот не само со возачот туку и со руските спонзори.

Image

ПретходноВо ПСЖ ја признаа грешката, Серхио Рамос си оди?
СледноЗАПАД: Време е Силекс да победи, Вардар на гости кај Гостивар, Воска под Шара…