ПМФЛ: Тиквеш против “пиратите“ со победнички мисли!

173

Денеска од 14 часот во Кавадарци, во меч со кој ќе се отвори 22.коло во ПМФЛ, Тиквеш го дочекува тимот на Скопје. Ова е дерби меѓу две екипи кои се во долниот дел на табелата, екипи кои се уште гаат надежи дека ќе можат да го избегнат баражот, иако тоа од коло во коло е се потешко.

Сепак, победата е значајна и за двете екипи, посебно за составот на Влатко Костов кој посакува уште еден триумф на домашен терен, како што беше оној со Пелистер пред две кола, но не победата да дојде во 90+ минута, туку може и порано.

Кавадарчани на Чаир минатиот викенд иако загубија од лидерот Шкупи со 3:2, сепак покажаа дека можат да бидат голем проблем и за екипите кои се борат за титулата.

Јасно е дека сите во Тиквеш се со победнички мисли, ќе се игра агресивно, напаѓачки, на гол повеќе. Од друга страна гостите од Скопје исто така важат за тим кој тешко се победува. И тие си имаа свои мотиви и амбиции на овој меч.

Па така се очекува добар меч, неизвесен меч со доста публика на трибините на Градскиот стадион во Кавадарци, а оние што не можат да дојдат на мечот ќе можат да го проследат низ директен пренос на МРТВ и ТВ Арена Спорт.

Сите останати натпревари од ова 22.коло, последно во вториот круг, се играат утре.

ПретходноАбрамович не се откажува од фубалот: Подготвува нова лига, ќе играат српски и бугарски тимови!
СледноВо ПСЖ ја признаа грешката, Серхио Рамос си оди?