Се враќа ли во Торино: Погба ги почна преговорите со Јувентус!

207

Пол Погба на лето се враќа во Јувентус. Оваа информација утринава ја лиферува италијанската “Газета“, која известува дека почнале преговорите меѓу клубот од Торино и менаџерите на фудбалерот на Манчестер Јунајтед и еден од клучните играчи во репрезентацијата на светскиот првак Франција.

Познато е дека на Погба летово му истекува договорот, за него силно се заинтересирани и Реал Мадрид и ПСЖ, но тој повеќе го преферирал Јуве со оглед на тоа дека, според него, најсреќен бил во периодот од 2012 до 2016 како фудбалер на “црно-белите“.

Сепак конечен договор се уште нема. Имено проблем било висината на платата, Јуве најмногу што може да понуди е 10 милиони евра годишно, што е премалку за Французинот ако се знае дека Реал и ПСЖ можат двојно повеќе да го платат.

ПретходноТриумф на Лестер, Лидс си тера по старо и со новиот тренер!
СледноТиквеш – Скопје 3:0: Блесок на Нгоба и младите Тодоров и Тасев! (ВИДЕО)