Чудесниот Тејтум даде 54 поени, Бостон славеше победа над Бруклин

183

Маестрален настап на Џејсон Тејтум и победа на Селтикс над Бруклин со 126:120 вечерва во НБА лигата. Лидерот на Селтикс постигна дури 54 поени и беше најзаслужен за триумфот на својот тим против директниот ривал за највисок пласман во Источната конференција.

Тејтум го заврши мечот со брутална шутерска статистика, уфрли осум тројки од 15 шутеви, 14-17 имаше од слободни фрлања, а вкупно од игра 14 од 30 обиди.

На спротивната страна одличен беше Кевин Дурент со 37 поени, Кајл Ирвинг застана на 19 поени.

Бостон со оваа победа се зацврсти на петтото место на табелата на Истокот и речиси е во егал со екипите од второто до четвртото место Филаделфија, Милвоки и Чикаго.

А Бруклин пред стартот на сезоната важеше за прв фаворит, но ја плаќа цената за пеховите кои ги снајде во текот на сезоната и сега падна на осмото место со опасност да испадне од плеј-оф зоната.

 

ПретходноТанде со триумф во Осло, Крафт со трофејот на „Рав ер 2022“
Следно„Уште си жив? Се надевам ракета ќе ја погоди твојата куќа“, му порача руски спортист на колега Украинец