Екипата на Партизан му врати на ривалот Црвена Звезда за поразот во финалето на Купот и губењето на трофејот. Вечерва на свој терен, во рамките на 21.коло на АБА лигата ги победија „црвено-белите“ со 98:84.
По три четвртини беше тесно и неизвесно, а Партизан имаше минимална предност (64:63). Сепак, во завршницата „црно-белите“ имаа супер настап и ја добија последната четвртина со 34:21 и на крајот и мечот.
Воедно Партизан ја прекина и серијата од пет едноподруго порази од Звезда во сите натпреварувања.
Најефикасен на мечот беше Аврамовиќ од Партизан со 33 поени и пет асистенции и тоа за 22:27 минути на паркетот. Соиграчот Кевин Пунтер даде 20 поени, а францускиот интернационалец Лесор 15. Кај Звезда најефикасен Холинс со 15 поени.
На табелата Партизан води со 37 поени, поен повеќе од Звезда која е второпласирана но има и меч помалку. Трет е Будуќност со 32.