Арсенал со гостински триумф кај Ватфорд, бадијала супер – голот на Кучо! (ВИДЕО)

61

Во меч од 28.коло во Премиер – лигата, попладнево фудбалерите на Арсенал со 2:3 успеаја да го победат составот на Ватфорд на гости. Подобра игра и секако заслужена победа со што продолжува добрата серија на тимот од „Емирејтс“.

Уште во 5.минута Одегард успеа да му донесе водство на гостинскиот тим, на 1:1 израмни Кучо со фантастичен гол. Сепак тоа беше премалку домашните да сторат нешто повеќе на овој меч. Сака во 30.минута и Мартинели во 52.минута покажаа дека фаворитот на овој меч има намера да ги освои трите бода, што и се оствари.

До крајот домашниот тим со голот на Сисоко во 87.минута успеа да намали на 2:3. Со оваа победа Арсенал се најде на 4.место на табелата со 48 бодови, но и со два меча помалку од конкурентите за пласман во Лигата на Шампионите.

ПретходноУбав гест: Новак Ѓоковиќ понудил помош за Украинците!
СледноСасуоло убедлив кај Венеција, реми во Фиренца и Болоња…