Барса го победи Елче со гол од пенал! (ВИДЕО)

229

Елче – Барселона 1:2, нова победа за продолжување на добрата серија на тимот на Чаци Ернандез. Попладнево домашниот состав на Елче имаше 1:1 се до 85.минута кога беше покажан и пенал, исто така реагираше и ВАР- системот, имено еден домашен фудбалер играше со рака.

Мемфис Депај ја презеде одговорноста, успеа да ја затресе мрежата на Елче за 1:2, за победа и нови три бода за Барса.

Претходно Фидел во 44.минута погоди за водство на домашните, Феран Торес израмни на 1:1 во 61.минута. Со овие три бода Барса сега е на третото место на табелата во Ла Лига со 48 бодови.

ПретходноСаша Илиќ го напушти Вардар, се сели во Кина во тимот на Шенжен!
СледноВМФЛ – ЗАПАД: Дали дербито Воска – Вардар на 30 април ќе го реши патникот во баражот?