ВМФЛ – ЗАПАД: Дали дербито Воска – Вардар на 30 април ќе го реши патникот во баражот?

704

По завршувањето на вториот круг од тековната сезона во ВМФЛ – ЗАПАД, од вчера се знае и распоредот во преостанатите девет кола во оваа конкуренција. Во пресрет на стартот на „бергер“ третиот круг, Силекс е прв со 46 бодови, Воска Спорт е втора со 39 а Вардар е трет со 34. Се чини дека Охриѓани вчера во Тетово на гости кај Тетекс, (1:1), ја испуштија својата голема шанса да му бидат конкуренција на лидерот и да се борат за директен пласман во ПМФЛ. Јасно е дека во тие девет кола се е можно, но кратовци како клуб се премногу искусни за да ја испуштат таа шанса. Едноставно Силекс не греши двапати. Таа разлика од 7 бодови е преголема, а последниот меч на 14 мај меѓу Силекс и Воска се игра во Кратово.

Па така сега битката останува меѓу Воска Спорт и Вардар за пласман во баражот и за меч против Тиквеш или Скопје за пласман во елитата.

Но, за тоа потоа, сега да видиме кој со кого и каде игра, мислиме на Воска Спорт и Вардар во преостанатите девет кола.

Разликата сега е пет бодови за Охриѓани.

Инаку Воска Спорт игра дома со Кораби, Велешта, Гостивар, Вардар и Беса, а гостува кај Охрид, Кадино, Тетекс и Силекс. Според распоредот Воска Спорт во првите пет кола не би требало да има има никаков проблем да победи. Во шестото му гостува на Тетекс, а во седмото игра дома со Вардар. Можеби тоа супер – дерби во Охрид меѓу Воска Спорт и Вардар кое се игра на 30 април ќе биде решавачко која од овие две екипи ќе оди во баражот за пласман во ПМФЛ.

Вардар пак дома игра со Охрид, Кадино, Тетекс, Беса и Силекс, а гостува кај Велешта, Гостивар, Воска и Кораби.

Во секој случај сите овие девет последни кола на Западот ќе бидат и тоа како интересни.

ТАБЕЛА

1.СИЛЕКС 46

2.ВОСКА СПОРТ 39

3.ВАРДАР 34

СИЛЕКС:

БЕСА

Кораби

ОХРИД

Велешта

КАДИНО

Гостивар

ТЕТЕКС

Вардар

ВОСКА СПОРТ

ВОСКА СПОРТ:

КОРАБИ

Охрид

ВЕЛЕШТА

Кадино

ГОСТИВАР

Тетекс

ВАРДАР

БЕСА

Силекс

ВАРДАР:

ОХРИД

Велешта

КАДИНО

Гостивар

ТЕТЕКС

БЕСА

Воска спорт

СИЛЕКС

Кораби

*Со големи букви се екипите против кои се игра дома, а со мали на гости

ПретходноБарса го победи Елче со гол од пенал! (ВИДЕО)
СледноСо Мбапе доаѓа и нов спонзор во Реал Мадрид!