„Кралска“ партија на Леброн Џејмс, го затрупа Голден стејт со 56 поени (ВИДЕО)

173

Кошаркарите на ЛА Лејкерс дојдоа до важна победа, пред своите навивачи го совладаа Голден Стејт со 124-116, благодарение на Леброн Џејмс. „Кралот“ уште еднаш ја покажа својата моќ, дуелот го заврши со 56 поени, имаше неверојатна шутерска вечер.

Џејмс додаде 10 скока, погоди 12 од 13 слободни фрлања, 13 од 20 за два поени, и шест тројки од 11 обиди. Сето ова беше доволно за да неговиот тим дојде до победа.

Голден стејт во поголем дел од натпреварот ја одржуваше предноста, но Леброн со три тројки во низа успеа негативата да ја претвори во позитива на осум минути до крајот (100-97). Продолжи во ист ритам и со едно спектакуларно забивање донесе важна победа за Лејкерси, кои се борат за место меѓу осумте најдобри екипи во Западот.

Покрај Леброн добра партија пружи и Расел Вестбрук со 20 поени, кај гостите Стеф Кари не можеше сам, имаше 30 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Сан Антонио 123-117, Мемфис – 96, Мајами – Филаделфија 99-82, Минесота – Портланд 135-121, ЛА Лејкерс – Голден стејт 124-116.

ПретходноНа Прочка нема да има фудбал:Снегот го одложи денешното коло во ПМФЛ, среда е новиот термин!
СледноНамерно или не: Руски гимнастичар со провокација додека стоеше покрај Украинец (ВИДЕО)