Пеп Гвардиола им се налути на новинарите, па призна дека има проблем!

369

Денешното дерби во Манчестер е многу важно за Сити, иако така не изгледаше пред неколку недели, но сега ситуацијата е поинаква. Тимот на Пеп Гвардиола има само три бода предност пред Ливерпул. Притисокот е на страна „граѓаните“, па на стратегот на Сити не му е лесно.

На официјалната прес-конференција им се налути на новинарите.

„Зошто постојано ме прашувате за засилување кога нема да победиме, зошто не прашате кога победуваме. Тогаш никој не се сетува на тоа“, изјави Гваедиола.

После Агуеро, Сити нема класичен напаѓач, Жезус е повреден, а Силва влегува како „лажна“ деветка.

„Да не можете да играте во Премиер-лига без напаѓач, сигурен сум дека клубот ќе направи нешто на лето. Сега не можеме да зборуваме за тоа, нема да се промени ништо“, изјави Гвардиола.

Дуелот меѓу Сити и Јунајтед е закажан со почеток во 17:30 часот.

ПретходноРакометарките имаат шанса за реванш: Ќе биде убаво да победиме, девојките во Целје покажаа храброст!
СледноХаос во Мексико: Хулиганите тепаа се пред себе, родителите ги спасуваа децата, има и мртви (ВИДЕО)